Top Sport

Тоти одлучи: Роналдо е подобар од Меси!

Легендата на италијанскиот фудбал, Франческо Тоти вели дека е јасно кој е најдобар фудбалер на светот, давајќи му предност на ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо пред Лионел Меси во Барселона.

„Зборуваме за тројца фудбалски вонземјани – Роналдо, Меси и Нејмар. Мислам дека на крајот, Роналдо е пред другите. Тој имаше одлична сезона и исто така своите најдобри голови ги постигна против силни противници“, вели Тоти.

Италијанецот, кој ја заврши кариерата минатата сезона, имаше што да каже и за тоа кој е најдобриот тренер на денешницата.

„И покрај одличната работа која ја завршуваат Антонио Конте и Макс Алегри, мислам дека Зинедин Зидан е најдобриот поради истата причина како Роналдо – и тој освои сè минатата сезона“, објаснува Тоти.

 

Scroll to Top