Top Sport

Сериозни обвинувања за Виталиј Шчербо

Татјана Гуцу, олимписката шампионка во гимнастички повеќебој од 1992 година, преку емотивен пост на Фејсбук обвини еден од најуспешните гимнастичари во историјата, Виталиј Шчербо дека ја силувал на ДТБ купот во Штутгарт во 1991 година.

„Сега сум храбра по 27 години. Благодарност до Татјана Торопова, која ја сметав за моја пријателка, што не беше храбра за мене кога беше најпотребно и што не се бореше за женските права. Ти беше таму и не направи ништо. Рустам Шарипов, тебе ти благодарам што го штитеше својот пријател од мене, 15-годишно девојче. Ѕверот кој ме држеше во мојот затвор толку години. Виталиј Шчербо. Сега сум посилна од било кога. Ова е мојата пепелашка-приказна. Јас преживеав и сега ќе застанам зад сите на кои им е потребно“, напиша Украинката Гуцу.

Шчербо е еден од најуспешните гимнастичари во историјата. На Олимпијадата во 1992 година во Барселона тој освои шест злата, од кои четири во една вечер. Белорусинот исто така е единствениот гимнастичар кој освоил светска титула во сите осум гимнастичарски дисциплини. Тој исто како и Гуцу, сега живее во САД.

 

Scroll to Top